ПРОКЛЕТСТВОТО на улогата Џокер

Facebook

Психопат со изопачена смисла за хумор, принц на криминалот, социопат, оној кој со исцртана насмевка на лицето влегува, ограбува, заводливо оставајќи впечаток дека е јунак, убедувајќи се себеси и гледачите дека неговата луцидност е всушност нешто многу повеќе од обичен антипод – тоа е Џокерот.

Токму во сето ова лежи проклетството што им го остава на оние што го глумат, во нивната восхитеност од неговиот лик, во тој лавиринт на шарени бои во кој го губеле разумот и сосема му се предавале сите оние што го глумеле.

Животот на Хоакин Феникс и поврзаноста со Џокерот е само еден во низата на долгиот мит за „проклетството“ на оваа улога.

Џек Николсон: Творец на „новиот“ Џокер

Со Џек Николсон Џокер стана психопат, а не карикатура. Николсон целосно ги исфрли сите смешни и банални детали од неговата појава, како онаа кога од неговиот пиштол излегува цвеќе и вода наместо куршуми, како што беше претставен Џокер во 60-те години на минатиот век кога го глумеше Цезар Ромеро.

Николсон многу се соживеа глумејќи го Џокер, буквално може да се каже дека експлодираше во улогата, а публиката имаше впечаток дека тој „уживаше во неговите злосторства“.

И токму таа негова глума во форма на ексцентрик се рефлектираше и на самиот Николсон. Џокер стана Џек, а Џек Џокер. За тоа зборуваат и бројните афери од неговиот живот, дрогата, алкохолот и многуте жени.

Култната сцена од „Бетмен“ во 1989 година, кога Џокер влегува во музејот со својата екипа и зад себе остава само урнатини со карактеристичниот потпис на сликата: Џокер беше овде, го покажува сето она што Николсон, облечен во виолетово и портокалово, го вгради во ликот – блуд и неморал.

Сепак, се чини дека Николсон сепак знаеше да ја подигне сопирачката.

Profimedia

Хит Леџер: Премногу млад за смрт

„Па… Го предупредив“, кратко рекол Николсон по веста за смртта на Хит Леџер.

Наспрема Николсон на кого се угледа како на свој претходник, Хит Леџер ликот на Џокер сосема го пренесе на мрачната страна од која нема враќање. Тој во неговите раце стана „агент на хаосот“, како што го нарекуваа филмските критичари.

Џокерот на Леџер, неговото сфаќање на светот и мотивите се толку мрачни што е тешко да се најде радост во него. Леџер беше повеќе фокусиран на интелигенцијата на карактерот, што го направи поинтригантен.

Леџер изјавил дека „се плаши од улогата, но и дека сака да ја направи поинаква“.

Меѓутоа, тоа Леџер го однесе многу подалеку, во сосема манијакална опседнатост со ликот. Неговиот татко зборуваше дека Хит се затворал во хотелската соба и во неа останувал со денови работејќи на ликот.

Сега, 11 години по смртта на Леџер, кој умре од предозираност, се развија многу верзии за тоа колку оваа улога влијаеше на него.

Инаку Леџер е единствен кој доби Оскар за улогата на суперхеројот, иако постхумно, а начинот на кој фановите го обожаваа докажува дека антиподот на Мрачниот витез успеа Џокер да го дигне во небото.

IMbd

Џаред Лето: Современ психо

„Беше Џокер. Навистина беше“, изјави Вил Смит за Џерад Лето, кој го глумеше Џокер во 2016 година.
Тој беше сосема понаков Џокер, по малку недоречен, бидејќи критиките не реагираа добро на филмот. Но не по негова вина. Тој својот дел од работата одлично го сработе. Ни даде една „наказа“ со накит, презир и тетоважи. „Современ психо“, можеби е една од најдобрите изјави на критичарите.

И токму со тоа Џеред и се бореше. Неговиот живот стана сличен на животот на Џокер, па слични шеги почнал да применува и во својата околина.

Така Маргот Роби, која ја глумеше помошничката на Џокер, преку пошта добила жив стаорец, додека на останатите глумци им праќал искористени кондоми и помагала за анален секс, „искористени“ порночасописи, а на еден, наводно и мртва свиња.

Сепак, тоа е само Џокерот – другата страна од паричката без која светот никогаш не би можел да се врти.

polygon.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот