Проклетството на сликата „Расплаканото момче“

Сликата „Расплаканото момче“ е дел од серијата на уметникот Џовани Браголин, завршена во 1950 година.

Според приказните, оваа слика висела на ѕидот од еден дом што изгорел во пожар во 1985 година. Иако изгорел до темел, единствено нешто што се спасило од огнот е токму оваа слика. Но домот на нејзините следни сопственици во 1988 година повторно бил до темел изгорен во пожарот што ја зафатил. Повторно расплаканото момче преживеало. Она што е најстрашно е дека постојат уште десетина принтови од оваа фотографија, како и бројни забележени трагедии кои се врзуваат за неа.

Во 1985 година најпопуларниот весник во Велика Британија, „The Sun“, ја објави приказната „Проклетството на расплаканото момче“. Приказната го опишувала ужасното искуство на Меј и Рон Хал откако нивниот дом во Ротердам бил уништен во пожар. Причина за пожарот била стара тава која се прегреала. Огнот брзо се проширил и уништил се во куќата. Само еден предмет останал недопрен – сликата на расплаканото момче, која висела на ѕидот од нивната дневна соба. Уништени од нивната загуба, Меј и Рон обелодениле бизарното тврдење дека сликата е проколната и дека тавчето не било причина за пожарот.

Приказната ќе отидела во заборав да не бил пожарникарот кој тврдел дека бил во најмалку 15 куќи каде што пожарот уништил сè освен сликата „Расплаканото момче“.

Ова се фактите што ги објавил „The Sun“ како поткрепа на приказната.

– Жена во Сури ја изгубила куќата во пожар 6 месеци откако ја купила сликата.
– Две сестри во Килбурн имале пожар во своите домови откако купиле копија од сликата.
– Господин во Нотингам кој поседувал принт од сликата го изгубил својот дом во пожар, а неговото семејство било повредено.
– Пицерија во Норфолк била целосно изгорена заедно со сите слики на ѕидовите, освен сликата на расплаканото момче.

Кога „The Sun“ објавил дека дури и пожарникарите одбивале да имаа копија од оваа слика во нивните домови, репутацијата на сликата станала „проколната“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот