Проклети Англичани, би сакал тука да експлодира бомба  (ВИДЕО)

Фабио Фоњини се соочува со парична казна од Меѓународната тениска федерација (ИТФ) откако во третото коло ги шокира навивачите на Вимблдон. Тој неочекувано е поразен во три сета со 6:3,7:6,6:3 од
Американецот Тенис Сандгрен кој на последните девет гран слем турнири губеше во првото коло.
Италијанецот беше незадоволен што организаторите на Вимблдон го ставија да игра на теренот 14.

„Дали е фер да се игра тука? Проклети Англичани. Проклети. Би сакал да ви експлодира бомба во овој клуб“, зборуваше гласно Фоњини за да може да го слушнат навивачите.

Инцидентите на гран слем турнирите не се непознаница за Фоњини, тој во 2017 година е суспендиран на два гран слем турнири бидејќио ги навредуваше судите на УС Опен. Тој судијката Лујза Енгзел ја нарече „грда верверичка“ па мораше да плати и парична казна од 96.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот