Производите од грчката област Македонија ќе ја носат ознаката „Macedonia the GReat“

Слоганот „Macedonia the GReat”, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М” како ознака, испишани со бело на сина позадина, се новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, односно т.н. македонски производи.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, ознаката и слоганот со кои грчките производи ќе бидат пропратени на меѓународно ниво, беа презентирани денеска во Солун од Здружението на извозници на Грција, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

По презентацијата, грчкиот премиер рече дека новата колективна ознака „отсега, па натаму ќе ги придружува македонските производи и услуги низ целиот свет”.

– Се обврзав дека ќе се справиме со негативните последици од Договорот од Преспа, поддржувајќи ги професионалните групации од Северна Грција за да се воспостават унифициран колективен идентитет, кој ќе ги раздвојува производите што се произведуваат отсега понатаму на македонската почва. Верувам дека овој софистициран знак, претставен денеска и кој веднаш ќе биде доставен до Европската канцеларија во Аликанте, ја постигнува оваа цел. Сигурен сум дека тоа е знак што ќе го прифатат сите производители од Македонија, ги покрива сите три региони: Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија, ќе биде поддржан од бизнисите и ќе ни овозможи да имаме централен идентитет за македонски производи – нагласи Мицотакис и додаде дека овој „идентитет упатува и на минатото, но и отвора пат за пооптимистичка посветла иднина”.

Прочитајте и...  АНАЛИЗА Интегративците го трчаат последниот круг?

Прочитај повеќе

Лукаревска: СДСМ не копа ровови, туку гради мостови, патишта и врски меѓу луѓето

Слободен печат

Реџепи: ВМРО-ДУИ може да формираат коалиција, но во опозиција

Слободен печат

Интегра во Куманово: Кокино ќе биде туристичка атракција, ќе се развива бањскиот, здравствениот туризам, брзи возови, преку транспортна стратегија

Слободен печат

Спасовски: Ја чистиме калта од режимот кој за себе поставуваше мермер, а за граѓаните стиропор

Слободен печат

Шеесетгодишна кавадарчанка сплете завеса за време на корона

Слободен печат

Зибери од Тетово: Општините ќе добиваат повеќе пари од државата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Богојески и д-р Тепшиќ: Да го промениме трендот на иселување на населението од Македонски брод

Слободен печат

Убиени 4 лица во експлозии во Сомалија

Слободен печат

Јанушев од Лозово: ВМРО-ДПМНЕ ќе бара референдум каде што граѓаните ќе се изјаснат за изградба на кафилерија

Слободен печат

Минатата недела во Охрид 50, во Струга 52, а во Дебар 13 потврдени случаи на КОВИД-19

Слободен печат

Николовски: Источниот регион е добар пример дека кога се работи домаќински, има резултати

Слободен печат

Над 100 деца заразени од коронавирус во Албанија

Слободен печат