Производи од соја: Одлична замена за животинско месо

соја
pexels

Производите од соја како трошки, шницли и слично, се одлична алтернатива за месото што вегетаријанците и луѓето што водат здрав живот не го консумираат. Уште се познати како „месо од соја“. Но, пред да ги употребувате, треба да знаете повеќе за нивните корисни својства, како и за евентуалните контраиндикации.

Месото од соја се всушност парчиња од соја што се незаменлив производ во исхраната на вегетаријанците, бидејќи им ги заменува животинските протеини. Користа од консумирање парченца соја е голема. Влијае благотворно врз цревната микрофлора, ја регулира работата на централниот нервен систем, помага во превенција на болести на срцето и крвните садови како и закрепнување на мозочните клетки. Има позитивен ефект врз концентрацијата и помнењето,
постепено ги исфрла од организмот тешките метали и радионуклиди, поради што неговата употреба се споредува со постапката на дијализа (прочистување на крвта). Го зајакнува имунитетот, го инхибира развојот на клетките од карцином, го регулира менструалниот циклус кај жените и ги ублажува симптомите на менопауза.

Внимателно со количините

Треба да се напомене дека соиното месо во текот на готвењето го зголемува волуменот за двапати, а понекогаш и за трипати, поради што не треба да ставите премногу сув производ за да се готви. Ако се решите редовно да го јадете месото од соја, задолжително следете ја неговата количина во исхраната. За жени е препорачливо да консумираат 100 грама производ трипати неделно. Кај мажите нормата е поинаква – најмногу 100 грама производ во седум дена, бидејќи сојата е поврзана со излачување на женските хормони. Исто така треба да се запомни дека јадењата од соино месо се јадат најмалку четири часа пред спиење. Не се препорачува давање на овој производ на деца, бидејќи содржи изофлавини, кои негативно влијаат врз хормонскиот баланс на организмот што расте. Ова посебно се однесува на девојки. Покрај тоа, поради високото ниво изофлавин, кој силно влијае врз хормоните, соја не смеат да консумираат родилки.

Варење на соиното месо

Како што споменавме, месото од соја е алтернатива за животинско месо. Поради тоа можете да го користите во повеќето рецепти во кои ставате месо. На пример, вегетаријанска мусака може да се подготви со додавање модри патлиџани, тиквички, домати, компири и прелив, покрај соини производи.

Можете да направите сос за шпагети со соја, па да добиете свое болоњезе еквивалент на болоњезе со мелено месо. Ако сакате модри патлиџани или тиквички полнети со мелено месо, можете да ги направите со производ од соја. Истото важи и за пита со месо и зелка со месо.

Чекори за обработка

Но, пред да го подготвите, треба да знаете како се вари. Вообичаено на пакувањата има упатство како се преработува месото од соја пред да се стави во рерна, на пример. Тоа е едноставно за употреба, а подготвено е од соино брашно и може да се стави незачинето или да се зачини со кари, црн пипер, црвен пипер, ким, лук, кромид, црно или бело вино, за да го имитира пилешкото или друг вид месо. Сувото месо од соја можете да го купите во кој било маркет или продавници за здрава храна.

  • Ставете ¾ до 1 шолја подготвен бујон од зеленчук (или вода од коцка за супа) да проврие на шпорет.
  • Врелиот бујон од зеленчук прелејте го преку 1 шолја соини трошки. Покријте го садот и оставете го настрана неколку минути сојата да се навлажни и да набабри.
  • Зачинете го по желба. За скара користете претходно подготвена мешавина од зачини за пилешко, скара, кромид и лук или ваши омилени зачини.
  • Додајте ја сојата во рецептите, користејќи ја во сос за шпагети, такоси, ѓувеч и други омилени јадења.
  • Соиното месо користете го како нормално животинско месо. Изладете го и употребете го во рок од неколку денови или замрзнете го за идна потрошувачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот