Произведено првото електрично возило во Косово, „создавачите” се пет тинејџери (ФОТО) – Слободен печат
АвтомагазинМагазин

Произведено првото електрично возило во Косово, „создавачите” се пет тинејџери (ФОТО)

Изградбата на ова возило чинело 13 илјади евра и најавуваат дека во иднина дизајнот ќе биде променет.

Пет тинејџери од Ѓаковица, Косово поддржани од фондацијата „Боневет“ и уште неколку донатори успеаја да изградат електричен автомобил. За да направат ваков автомобил им беа потребни две години работа, а кога започнаа со оваа активност тие беа на само 16-17 годишна возраст. Тие се надеваат дека нивниот проект, наречен „Electric Buggy“ (Eлектрично возило) ќе биде проширен во иднина со цел заштита на животната средина.

„Создавачите” на ова возило планираат да креираат неколку вакви возила и во соработка со општинските власти да ги употребат во старата чаршија на Ѓаковица каде би се забранило движењето на возилата со нафта.

Фото: Принтскрин

Изградбата на ова возило чинело 13 илјади евра и најавуваат дека во иднина дизајнот ќе биде променет.

Возилото може да достигне брзина од 40 километри на час, јавува РСЕ. Батериите се полнат за еден час а можете да се возите 25 километри. Младите велат дека пред се ова го прават да влијаат на свеста на граѓаните дека животната средина треба да се чува од загадувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исто прочитајте

Close
Close