Програми за 20.000 работни места во Мексико и Хондурас – Слободен печат
ВестиЕкономија

Програми за 20.000 работни места во Мексико и Хондурас

Иницијативата има за цел развој и просперитет, изјави Хуан Орландо Ернандес, претседател на Хондурас.

Мексико ќе помогне со програми на Хондурас за да се создадат 20.000 работни места меѓу јули и декември 2019 година.

– Иницијативата има за цел развој и просперитет, изјави Хуан Орландо Ернандес, претседател на Хондурас. Тој ги повика банките, меѓународните организации и нациите да го поддржат проектот.

– Наскоро ќе објавиме за формирање голема меѓународна коалиција за масовно генерирање работни места во Централна Америка (Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала), додаде тој.

Ернандес потсети дека околу пет отсто од економијата на Хондурас се занова на одгледување кафе, но 90 отсто се на мали производители кои добиваат помалку од два цента за секоја чаша кафе, што може да чини до пет долари во град како Њујорк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close