Програмерите од земјава ќе им помогнат на текстилните работнички

Откако деновиве во македонските медиуми излезе сведоштво на една текстилна работничка, која раскажува за бруталното однесување на работодавците кон вработените, програмерите во Македонија со здружени сили оформија тим со кој ќе помогнат на овие страдалци.

Имено на приватната група Сојузен Комитет на програмери на Македонија, излезе една објава, која наиде на позитивна реакција кај граѓаните во државата, откако работничка за медиумите раскажа дека вработените заклучени се држат во една просторија додека трае работното време, без дозвола да одат дури во тоалет.

Станува збор за анонимен систем кој ќе го изработат програмери, графички дизајнери и еден правник,кои доброволно се пријавија да помогнат, без никаков паричен бенефит, туку напротив со цел да се искорени оваа неправда која со децении се нанесува на работничката класа.

-Идеата е да се создаде анонимен систем на пријавување на вакви прекршоци врз работниците. Сите пријави, велат програмерите, ќе се препраќаат до Министерство за внатрешни работи и Државен Инспекторат за Труд, но и ќе се агрегираат онлајн, за да може да се види кои работодавци се чести прекршувачи- пишува во постот на програмерите.

Од Државниот инспекторат за труд пак, тврдат дека редовно вршат инспекции, а постапуваат и по претставки до нив од Синдикатите, Хелсиншки, и од самите работнички коишто се обраќаат до нив.

Газдите на конфекции неодамна побараа работното време на работничките да се зголеми на осум и пол часа и да се скрати листата на празници, за да бидат поконкурентни на пазарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот