Програмата за економски реформи ќе содржи мерки за намалување на сивата економија

Министерство за финансии / Фото: МИА

 Во Програмата за економски реформи 2022-2024 ќе бидат вградени мерки насочени кон зелената и дигитална транзиција, подобрувањето на деловното опкружување и намалувањето на неформалната економија.

Предложените мерки произлегуваат од препораките кои се дел од усвоените заклучоци на годинашниот Дијалог за економски политики одржан во јули годинава со претставници на земјите членки на ЕУ, Западен Балкан и Турција, како и Оценката на ЕК за Програмата на економски реформи 2021 – 2023.

– Се дадоа препораки за подобрување на првиот нацрт текст на предлог реформските мерки. Тие во наредниот период ќе бидат разгледувани во рамки на советодавната мисија на ЕК и дадени на консултации со јавноста. Ова е континуиран процес, кој се спроведува заедно со ЕУ и претставува подготовка за учество во процесот на економски и фискален надзор на државите членки на ЕУ со цел спроведување на клучните реформски процеси во земјава, коишто ќе го интензивираат дијалогот со ЕУ, велат од Министерството за финансии.

Целокупниот процес на подготовка на документот го координира Министерството за финансии со учество на релевантните државни институции. Програмата треба да биде доставена до ЕК најдоцна до 31 јануари следната година.

На денешниот втор состанок, одржан во рамки на процесот на подготовка на Програмата, присуствувале министерот за финансии Фатмир Бесими, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за образование и наука Мила Царовска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и членовите на меѓуресорската Работна група за подготовка на Програмата на економски реформи 2022 – 2024.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот