Проговори поранешната девојка на принцот Хари – По шест години откри долго криена тајна – „Не сакав да бидам под ничија контрола“

инстаграм

Принцот Хари пред венчавката со Меган Маркл имал разни љубови и врски. Меѓутоа најголемо внимание привлече неговата врска со британската манекенка и актерка Кресида Бонас. Тој со неа беше три години во врска, но во 2014 година тие одлучија да раскинат.

Кресида не се огласуваше премногу во медиумите, а сега за „The Daily Telegraph” проговори за деталите од врската и откри дека во текот на целата врска била во страв.

– Страв од тоа дека ќе погрешам, дека ќе ме одбијат, дека нешто нема добро да направам, дека нема да бидам совршена… Мислам дека сето тоа ме потиштуваше и уништуваше во одредени делови од животот, раскажа искрено Кресида, а потоа додаде дека целата таа ситуација всушност ја зајакнала.

– Мисам дека после се зајакнав како личност и самата на себе си ги објаснив работите во главата за тоа како и што сакам во животот. Исто така, таа врска ме поттикна и повеќе да работам на себе и остварувањето на целите, како и да ги поместувам сопствените граници бидејќи не сакам да сум под ничија контрола на било кој начин, објасни таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот