Прогноза за септември: Во Европа дождови и поплави, Сахара може да стане зелена

SP / Dragan Mitreski

Изгледа дека историски топлиот период ќе заврши во голем дел од Европа и полека се наближува есента. Како што информира Severe Weather Europe, првиот фронт веќе ќе го премине северниот дел на Медитеранот и Алпите во текот на ноќта од недела кон понеделник. Можност за силни грмежи, а од понеделник наутро можни се поплави на северот на Италија, во Словенија и Австрија.

Кон крајот на следната недела во централна Европа ќе пристигне постудена воздушна маса, која може да донесе тешки временски услови, дополнителни поплави и солидна количина снег на Алпите.

Интересно е што обилни врнежи ќе ја погодат и пустината Сахара, каде што повеќе од 500% од вообичаените месечни врнежи би можеле да паднат во поголемиот дел од Западна Сахара во септември. Ако тоа се случи, делови од пустината ќе станат зелени.

Колку се потопли морињата, толку ќе има поекстремни и обилни врнежи

Овие два брана, ниско над Западна Европа и тропски во северозападна Африка, ќе влијаат на патеката на воздушната маса, што би можело да донесе топол и значително влажен воздух на север од Медитеранот и во централна Европа во наредните денови, што ќе доведе до лошо време и можни поплави.

Нивото на влажност и количината на врнежи до средината на септември ќе бидат под влијание и на екстремен морски топлотен бран, во комбинација со се уште невообичаено топлите води на Средоземното Море. Имено, глобалните мориња, морињата низ Европа, а особено Средоземното Море, значително се затоплија по големите и долготрајни летни топлотни бранови.

Морињата низ Европа на почетокот на септември се уште се исклучително топли, особено во балтичките, северните и медитеранските региони. Тука спаѓаат Лигурското и Тиренското Море, Јадранското Море, Јонското и Егејското Море, каде температурите на водата се околу 4-6 °C повисоки од просечните. Колку се потопли морињата, толку е поголема веројатноста за поекстремни и обилни врнежи.

Опасност од поплави

До понеделник наутро студениот фронт ќе стигне до јужна и централна Италија и јужниот дел на Јадранот, што ќе ги зафати земјите од западниот балкански полуостров. После тоа ќе има кратко затишје, а на крајот на неделата повторно ќе се воспостави значително постуден коридор на воздушни маси над Европа.

Ваквите временски услови се совршен рецепт за подолг период на прекумерни врнежи и висок ризик од потенцијални поплави низ регионот. Имајќи предвид дека првиот фронт што ќе трае денеска и утре ќе биде краткотраен, тоа нема многу да влијае на температурата на морето.

Тоа значи дека на крајот на следната недела друг систем би можел да донесе уште повеќе врнежи на северот од Италија, Австрија, Словенија и Хрватска. Искуството од минатото ни кажува дека треба внимателно да го следиме развојот на состојбите поради можните поплави.

Следниот викенд ќе биде многу постудено време со температури од 8 до 12°С, што е под просекот за средината на септември. Во западната половина на Европа ќе биде многу постудено од вообичаено. Овој студен бран може да доведе до првите значајни снежни врнежи на Алпите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот