Прогласени победниците на тринаесеттото издание на „Анимакс Скопје Фест“

Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот“ на авторот К. Жанг е овогодинешниот добитник за „Златна тула“ на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“. Германскиот автор Кристоф Бутнер ја доби втората награда за својот анимиран филм „Со негова милост“, додека „Бронзена тулa“ доби корејскиот филм „Куклена приказна“ на авторот Парк Се Хонг.

За најдобар филм за деца беше награден македонскиот филм „Маја Новак“ од авторката Миа Панов, а наградата се доделува врз основа на гласовите од детската публика, која во најголем број гласаше за овој филм.

Жири-комисијата која одлучуваше за наградите беше во состав на Владимир Ангелов, Сашка Андреевска и Горјан Гишев.

„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продукциската куќа „Аурипигмент“ од Скопје, а е со поддршка на Град Скопје, во соработка со Кинотека на С Македонија. Тринаесеттото издание на фестивалот се одржа од 24 до 26 ноември во Кинотеката во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот