Прогласена вонредна состојба во Финска

Финска денеска прогласи вонредна состојба, придружувајќи се на голем број европски земји кои на сличен начин се обидоа да го спречат ширењето на новиот коронавирус.

Премиерката Сана Марин рече дека со новите одредби што формално ќе се усвојат утре, ќе се затворат сите фински гранични премини за сите патници со исклучок на фински државјени кои се враќаат во државата. Протокот на стоки и лекови ќе биде олеснет.

Училиштата и универзитетите се затвораат од среда, а одлуката ќе остане во сила до 13 април. Забранети се и посети на домови за стари лица.

Јавните собири на повеќе од десет лица ќе бидат забранети, а ќе бидат затворени и културни институции и спортски центри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот