Прогласена „портокалова фаза“ поради силен ветер во Словенија

Фото: Илустрација

Поради опасност од силен ветер словенечките метеоролози прогласија „портокалова фаза” во централниот и источниот дел на државата јави дописникот на МИА.

Според метеоролозите во областа Штаерска на некои места ветерот ќе достигне брзина и до 100 километри на час.

Во текот на изминатота ноќ, поради силен јужен ветер во областа Приморска, некои објекти во Пиран кои се во близина на морето беа поплавени. Управата за заштита и спасување информираше дека имале неколку интервенции во овој регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот