Профитот на „Фајзер“ зголемен со импресивни 59 проценти во вториот квартал

Фајзер/ Фото: EPA/JUSTIN LANE

Силната продажба на вакцината против ковид-19 и други лекови му помогна на „Фајзер“ да го удвои приходот во вториот квартал од годината и да го зголеми профитот за импресивни 59 проценти.

Вакцината против ковид-19 на американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер Бионтех им донесе приходи од директна продажба 7,84 милијарди долари.

Компанијата со седиште во Њујорк очекува приходите од вакцини оваа година да достигнат 33,5 милијарди американски долари за 2,1 милијарди дози што договори да ги испорача до крајот на годината.

Профитот во вториот квартал изнесуваше 5,56 милијарди долари, што е за 59 отсто повеќе од заработените 3,49 милијарди долари во истиот период минатата година. Исто така, ги надминува очекувањата на пазарот во однос на приходите, кои изнесуваат 18,98 милијарди, речиси двојно повеќе од 9,86 милијарди во вториот квартал од 2020 година.

Во вчерашниот извештај на „Фајзер“ се нагласува дека трета доза на вакцината против коронавирусот може да ја зголеми заштитата од делта-сојот на вирусот до 100 пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот