Профитерите заработуваат од смртта на Брајант, сликичка продадена за неверојатни 50.000 долари

twitter/Comicbook.com

Коби Брајант во неделата загина во хеликоптерска несреќа кај Лос Анџелес.

Легендарниот играч на ЛА Лејкерс заедно со својата ќерка Џиана и уште седум лица патуваа со хеликоптерот на кошаркарот на натпревар на неговата ќерка. По смртта на Брајант многумина се обидуваат да заработат, па поради на интернет можат да се пронајдат многу артикли поврзани со трагично загинатиот кошаркар, а цените се неверојатни.

Американскиот „TMZ“ дојде до контакт со еден од продавачите кој заработил 50.000 долари на сликички со ликот на Коби Брајант.

До трагичната смрт на Коби, ваква ретка сликичка се продавала за 2.500 долари, но по неговата смрт таа е продадена за неверојатни 50.000 долари.

Исто така неговиот потпишан дрес од натпревар од сезоната 2004/05 имал максимална цена од 6.000 долари, но сопственикот на дресот го стави на онлајн аукција со почетна цена од 6.500 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот