Професорката од Тетовскиот универзитет Рабије Мурати е избрана меѓу сто највлијателни жени во светот

Универзитетската професорка од Тетово, Рабије Мурати, е избрана меѓу сто жени со најголемо влијание во светот од страна на АЛЛ (АLL Ladies League) – мултинационално движење на Глобалното сестринство, јавува МИА.

Таа е дел од групата наречена Г100, во која се именувани жени-лидерки во различни сектори. На листата се и повеќе жени од Северна Македонија, а професорката Рабије Мурати е вклучена поради нејзините достигнувањата во сферата на науката. Таа е доктор на педагошки науки, долгодишен редовен професор на Универзитетот во Тетово и продекан на Педагошкиот факултет.

– Идејата на ова меѓународно движење е како да се зајакнат жените на глобално ниво и се залагаме за еднакви права и можности на жените и мажите. Во оваа група членуваат жени кои се докажани во својата струка, во општеството, на научно ниво итн. Сакаме да ги поттикнеме жените да дојдат до израз и да дадат придонес во насока тоа што повеќе да се цени и вреднува жената. Ги охрабруваме сите жени да направат напор, секоја во својата бранша да создадат што поголеми капацитети. Г100 е еминентна група на 100 жени лидери и посилни во свет со визија за да влијаат во иднина, изјави проф. д-р Мурати.

Таа инаку е претседателка на регионалното седиште на АЛЛ за Полошкиот регион во секторот за комуникации и застапување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот