1 C
Скопје

Професорка прочитала најмногу книги од гевгелиската библиотека

Според евиденцијата на градската библиотека „Гоце Делчев” од Гевгелија, професорката по македонски јазик Вања Манчева, позајмила и прочитала најмногу книги изминатава година од која поголемиот дел помина во знакот на пандемијата од ковид-19.

Пријатно била изненадена од информацијата оти, како што вели, читала книги не само од гевгелиската, туку и од други библиотеки, позајмувала, разменувала и малку повеќе купувала.

– Како професор по македонски јазик и култура, читањето е моја пасија и сметам дека во годината што измина прочитав околу осумдесет книги од различни жанрови и дека секоја од нив беше моја стварност во исклучително предизвикувачката 2020 година, вели Манчева.

Од библиотеката пак информираа дека лани, поради пандемијата од ковид-19, бројот на регистрирани членови бележи извесно намалување, односно од 800, таа бројка сега паднала на 630 регистрирани читатели.

Прочитајте и...  Затворен угостителски објект во Чегране, приведен сопственикот

Поврзани вести

Џафери ги предупреди пратениците: Доста со калкулации, доаѓајте на работа!

Фицо: Со потврда или не од лабораторијата во Лондон, сигурни сме дека нови мутации на ковид-19 во Албанија постојат

Слободен печат

„Сертификатите за вакцинација” не треба да бидат „услов за пристап до одредени места”, предупредува Емануел Макрон

Слободен печат

Британски институт за стратешки студии: Нов рекорд во светските воени трошоци во 2020 година, и покрај кризата заради пандемијата

Слободен печат

Мишел: Се раширија три нови мутации на ковид-19, неважните патувања остануваат ограничени

Слободен печат

ВИДЕО I ЕУ одлучи: Ковид пасош ќе биде потребен за идните патувања во Европа

Слободен печат

Остави Коментар