Професорка имала односи со малолетен ученик

Поранешната наставничка од средно училиште во Хјустон, Катарина Луиза Максвел е обвинета за сексуално злоставување на нејзиниот 16-годишен ученик за време на пролетниот одмор.

Според извештајот на судот, Максвел започнала сексуална врска со 16-годишен студент за време на пролетната пауза во март и април.

Вработените во училиштето, според извештајот, забележале дека Максвел го менувала однесувањето кога го гледала ученикот со друга девојка.

Еден од вработените го пријавил инцидентот што се случил во училиштето, имено, Кристина фрлила ножици кон ученикот, кога тој седел покрај својата девојка, стои и во судскиот извештај.

По истрагата, Максвел признала дека имала секс со студентот на задното седиште во нејзиниот автомобил двапати додека предавала.

За време на испрашувањето, студентот рекол дека имал сексуални односи со професорката неколку пати во периодот од март до април.

Максвел моментално е во затвор, а доколку сака да се одбрани од слобода, треба да плати кауција од 16.800 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот