Професорите и наставниците против училишната програма на Орбан: „Нема да предаваме фашизам“

„Проблемот е кога образовната рамка се заснова на идеологија, а не на професионални принципи”, напиша ПДСЗ на својата веб-страница, велејќи дека „треба да се повлече”.

Синдикатот на унгарски наставници протестира против новиот училишен план, за кој тие велат дека е дизајниран од владејачката партија Фидес за промовирање на својата националистичка програма и ограничување на академските слободи.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, лидер на Фидес, честопати беше критикуван од Европската унија и организациите за политики кои според нив и наштетуваат на демократијата и на владеењето на правото во Унгарија.

Во секторот образование, Орбан ја ограничи слободата на Унгарската академија на науките и го принуди Централноевропскиот универзитет да ја напушти земјата.

Министерството за образование во петокот го објави Основниот национален наставен план (НАТ), во кој се детализирани наставните материјали во основните и средните училишта.

Демократскиот синдикат на наставници (ПДСЗ) повика на протести против измените што сега стапија како закон.

Прочитајте и...  Регистриран е 461 прекршок за неносење маска

„Проблемот е кога образовната рамка се заснова на идеологија, а не на професионални принципи”, напиша ПДСЗ на својата веб-страница, велејќи дека „треба да се повлече”.

Наставниците по историја и литература издадоа специјална изјава во која се жалат дека НАТ промовира националистички автори и програми.

НАТ, на пример, меѓу десетте најважни унгарски писатели, го вклучува и Ференц Херцег, кој беше жесток поддржувач на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини.

Сепак, тој не го спомнува Имре Кертез, кој беше почестен во 2002 година за неговата работа за холокаустот.

„Оваа програма бара постојан истакнување на морални и идеолошки погледи…Не остава слобода на размислување, туку диктира што (ние) треба да мислиме”, објави заменикот секретар на Здружението на професори по книжевност.

Прочитајте и...  Бајден нема да организира митинзи поради епидемијата на коронавирусот

„Ова може да служи само како програма за диктатура”, оцени Гиорги Фенио.

Портпарол на владата тврди дека програмата била направена од „најдобрите унгарски експерти…по долги експертски дискусии”.

Наставниците што протестираат почнаа да објавуваат фотографии на социјалните мрежи обележани со хаштаг – #noNAT и пароли како „Јас нема да подучувам фашизам”.

Прочитај повеќе

Уапсен маж осомничен за убиство на полицаец за време на протестите во Хонгконг

Слободен печат

Пресудата за статусот на „Аја Софија“ ќе биде објавена во рок од 15 дена

Слободен печат

Османи: Моето очекување е до октомври да биде прифатен финалниот текст за преговарачката рамка

Слободен печат

Орбан контра ЕУ: Од списокот на „безбедните“ држави дозволен е влез само за Србите

Слободен печат

Зафировски од МОРО: Додека не се донесе закон за најмала гарантирана исплатена саатнина, не сме ни приближно блиску до европските држави (ВИДЕО)

Слободен печат

Трагедија во Мјанмар: Најмалку 110 рудари загинаа во свлечиште во рудник

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тодороска од Демократи: Народот е сопственик на државата, политичарите се минливи (ВИДЕО)

Слободен печат

Тепачка во маркет во Крагуевац: Купувачот не сакал да стави маска, вработениот не го пуштал внатре (ВИДЕО)

Слободен печат

Заев за изјавата дека ќе соберел „и шуто и рогато“: По два саати во кафана, се случуваат грешки

Слободен печат

Андоновиќ: Русија избра доживотен претседател и започна воени игри околу Атлантикот (ВИДЕО)

Слободен печат

Заев ја повика ВМРО-ДПМНЕ да престане да го омаловажува јазикот нарекувајќи го „северџански” и да ја поздрави преговарачката рамка

Слободен печат

Заев: Со отворањето на преговорите, почнуваме нова фаза од македонската европеизација (ВИДЕО)

Слободен печат