Професори со порака до средношколците: Наставата продолжува, бојкотот нема да се толерира

Средношколците излегоа на протест, бараат враќање во училишните клупи, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Професорите од средното училиште Васил Антевски – Дрен од Скопје денеска ќе ги известат учениците дека наставата од второто полугодие продолжува утре, за да биде јасно дека нема да се толерираат изостаноци.

– Немаме информација дали некој од нашите ученици е член во Сојузот на средношколци и не можам да тврдам со сигурност дали ќе се приклучи на утрешниот бојкот што се најавува, но можам да информирам дека во текот на денешниот ден класните раководите од четврта година ќе ги известат учениците дека од утре започнува непречено одвивање на наставата во второто полугодие, со цел да се даде до знаење дека нема да се толерира никаков бојкот, вели за „Слободен печат“ директорката на училиштето, Тања Јовановска.

Претседателот на средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи во изјава за „Слободен печат“ вели дека нема да се прави класичен протест, туку едноставно нема да се вклучат во онлајн наставата, за што добиле поддршка од дел од професорите.

– Нема да правиме некој начин на протест туку само ќе се бојкотира наставата и нема да се вклучиме на предавањата. Во однос на подршката од наставниците, има одреден број на наставниците што ни подржуваат. Бидејќи немаме секојдневен контакт со наставниците, не ги знаеме точно нивните размислувања во врска со нашите барања и одлуката за бојкот на наставата, вели претседателот на средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот