Професор Халцел: Српската влада ја напушта европската иднина, јас сум загрижен за застранувањето на „српскиот свет“

Професорот на Институтот за надворешна политика на Џон Хопкинс на Универзитетот во Вашингтон, д-р Мајкл Халцел оцени дека сегашната српска влада ја напушта европската иднина и со поддршка на Русија насочува кон „српскиот свет“.

Халцел, кој беше советник за европска политика на Бајден од 1994 до 2005 година, рече дека е загрижен за политиката на Србија во регионот, велејќи дека тоа е опасен концепт за заживување на проектот „Голема Србија“ што го вовлече Западен Балкан во крвави и катастрофални војни пред три децении.

„Неодамнешното појавување на неколку „нон-пејпери“ кои нудат ултранационалистички потсмев за проблемите во регионот само ја влоши ситуацијата. Овие „нон-пејпери“ кои препорачуваат создавање на „Голема Србија“, „Голема Хрватска“ и „Голема Албанија“ треба автоматски да се отфрлат“ рече тој за црногорскиот весник Побједа.

Тој додаде дека останувањето на Владимир Лепосавиќ на позицијата црногорски министер за правда, кој го релативизира геноцидот во Сребреница, ќе биде особено негативно прифатен од администрацијата на Бајден, која ги става човековите права во првите редови на своите приоритети.

„За прв пат во историјата, претседателот на Соединетите држави е личност која добро го познава Балканот. Претседателот Бајден, како и сите други пристојни луѓе, беше згрозен од геноцидот во Сребреница во 1995 година. Сигурен сум дека тој нема да соработува со влада во која има член во својот кабинет кој го негира геноцидот во Сребреница“, рече тој.

Црногорскиот парламент најверојатно ќе расправа за разрешувањето на Лепосавиќ на 11 мај, откако тоа го побара премиерот Здравко Кривокапиќ. Лепосавиќ одбива да си даде оставка, а владејачкото мнозинство е против негово отстранување, освен УРА на Дритан Абазовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот