Професионалните војници на крајот на ангажманот ќе можат да добијат по 1.000 евра за секоја година минат труд

Припадниците на армијата на кои им завршува професионалниот ангажман со наполноти 45 години доколку не добијат вработување во другите државни институции или приватни компании ќе можат да добијат отпремнина од по 1.000 евра за секоја година стаж колку што минале во нивната служба.

Ова денеска го соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со Синдикатот на одбраната, на која ги информирала членовите за предлогот на Владата која, како што рече, има цел да им се оддолжи на војниците кои тоа и го заслужуваат.

Според појаснувањето на министерката оние војници кои имале 15 години стаж ќе добијат 15.000 евра или пак оние кои имаат 26 години ќе можат да доијат 26.000 еврa.

Репрезентативниот Синдикат даде целосна поддршка за предлогот на Министерството и порача што е можно порано да се имплементира овој предлог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот