Проф. Ванчо Ѓорѓиев назначен за претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија
Владата на затворена седница го назначила Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, за претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија.
Медимите попладнево објавија дека членови на Комисијата се и д-р Александар Литовски, научен соработник при Институтот за национална историја во Скопје, д-р Митко Панов, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје, Д-р Никола Минов, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ – Скопје, Доц. д-р Сашо Додевски, насловен доцент избран на Филозофскиот факултет во Скопје, Д-р Бесник Емини, виш научен соработник на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и д-р Димитар Љоровски, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје
Проф. Ѓорѓиев доаѓа на местото на Драги Ѓоргиев, кој неколку години ја предводеше историската комисија.