Проф. Трајковски: Во јули ме правеа будала кога велев дека Тетово треба да се стави во 5-дневен локдаун

Дејан Трајковски /Фото: Архива на Слободен печат

Во јули ме правеа будала кога велев дека Тетово треба да се стави во 5-дневен локдаун по првиот увезен случај на делта-сојот, напиша на Фејсбук професорот и аналитичар Дејан Трајковски кој е познат по своите анализи за состојбата со коронавирусот.

– Во мај не ми веруваа дека немаме колективен имунитет и дека ќе имаме бран од делта-сојот. Во јуни не слушаа кога велев дека треба да се воведат ПЦР тестови на граница или карантин. Во јули ме правеа будала кога велев дека Тетово треба да се стави во 5-дневен локдаун по првиот увезен случај на делта-сојот. Во август останаа глуви кога порачував да ги забранат свадбите и да ги спремат ковид-болниците. На сето тоа, не знаеја дали ќе растат бројките и решија да се јуначат и да гледаат десетици мртви дневно. Малку им беа 9200 досега починати од ковид. Овие лудаци се навистина непоправливи, напиша тој.

Видео на денот