Проф. Трајковски: Кој можеше да помисли дека Македонија ќе ја надмине и Белгија во бројот на починати?

Дејан Трајковски /Фото: Архива на Слободен печат

Кој можеше да помисли дека Македонија ќе ја надмине дури и Белгија според кумулативниот број на починати на милион жители? Италија и Словенија ги надминавме вчера. Како што стојат работите, само БиХ и Унгарија имаат поголеми дневни бројки од земјите што се повисоко рангирани од Македонија на светската ранг листа според кумулативен морталитет на милион жители. Останатите (Бугарија, Црна Гора, па можеби и Чешка) најверојатно ќе ги надминеме дури сметано и со сегашните нереални 2,08 милиони жители, вака започнува вечерашната објава на професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот.

– Изгледа просто неверојатно, но дури ни овој кумулативен морталитет (трет највисок на светот, ако се смета со реалниот број од 1,8 милион жители и ако се исклучат градовите-држави Гибралтар и Сан Марино) не е доволен за да обезбеди доволно ниво на колективен имунитет од прележување за епидемијата спонтано да згасне.

Кога сме веќе кај овој дијаграм, гледаме колку стрмо искачува вкупниот број на починати во Бразил поради бразилскиот сој на вирусот Р.1. Воопшто не им помогнала ланската висока прележаност од поранешните соеви, а нема да ни помогне ни нам, штом дојде и тука. Да се потсетиме, во Италија од еден единствен увезен случај бразилскиот вирус веќе се раширил на преку 10% од сите случаи.

Фото: Фејсбук

Ако воопшто има мислечки луѓе во нашата извршна власт, крајно време е да ги затворат границите за влез на сите невакцинирани лица или лица без свеж ПЦР тест. Откако вирусот еднаш ќе влезе, потоа ќе биде доцна, иако 5-дневен карантин би можел да го сопре ширењето, по примерот на Австралија. Бадијала ќе бидат оправдувањата дека не верувале дека тој сој ќе биде толку опасен и т.н. Не веруваа ни дека степенот на колективен имунитет е недоволен за да го спречи ширењето на британскиот сој B.1.1.7 (кој ли ги советувал така?), па нивната грешка досега ја платиле со глава околу 1.300 лица. Ќе платат уште толку до смирувањето на пролетниот бран, не сметајќи ги неевидентираните (најмалку 30% од евидентираните), коишто ќе се појават во јулскиот и августовскиот билтен на Државниот завод за статистика, напиша проф. Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот