Проф. Трајковски: Епидемијата во Македонија постепено се ближи кон својот крај

Дејан Трајковски /Фото: Архива на Слободен печат

Колку и да изгледа неочекувано, трендот на забавување на епидемијата, првпат забележан уште минатиот петок, продолжува неделава. Ефективниот репродукциски број Rt е помал од единица во сите временски рамки, од седудневна до 20-дневна. Rt со седумдневно усреднување (на дијаграмот на првата слика) не слегува многу под единица, но ниту искачува многу над неа во есенскиот дел од четвртиот бран, пишува аналитичарот и професор по теоретска механика, Дејан Трајковски.

– Забележуваме два врва на преносливоста, пред првиот круг на локалните избори и после отворањето на диско и ноќните клубови, но штетата од нив беше прилично ограничена, дносно амортизирана (придушена). Разни групи граѓани се заразиле од тие настани, но бргу се воспоставила некаква нова рамнотежа. Просто е неверојатно ако толку лесно куртулиме од есенскиот бран. Но, истото се забележува и во БиХ, со која споделуваме речиси идентина епидемиолошка крива, освен што таму немаше летен дел од бранот, предизвикан од свадби како кај нас. Во сите балкански земји есенскиот врв е достигнат и бројките веќе се намалуваат, пишува тој.

Тој оценува дека епидемијата во нашата држава простепно се ближи кон својот крај, односно на пат е да премине во ендемија – случајни заразувања, со сезонски и не многу големи бранови на заразување.

– Така би се влечеле можеби со години, додека постепено сите не прележиме, со тоа што вакцинираните би поминувале полесно. Реинфекциите ќе станат нормална појава, слично како на сезонскиот грип, а ковид-19 повеќе нема да биде медиумска вест, констатира тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот