Проф. Трајковски до Владата: Се надеваш дека системот можеби ќе издржи, па дури откако ќе колабира, воведуваш некакви полумерки

Дејан Трајковски /Фото: Архива на Слободен печат
Веќе видена и позната стратегија – не мислиш со време, се надеваш дека системот можеби ќе издржи, па дури откако ќе колабира, воведуваш некакви полумерки. Во меѓувреме луѓето ќе умираат во домашни услови, објави синоќа професорот од Техничкиот факултет-Битола, Дејан Трајковски, кој ја следи епидемиолошката состојба во Македонија откако започна пандемијата со Ковид-19 и преку прецизни математички пресметки прави проекции за движењето на епидемиолошката крива.

Според него, доколку преносливоста продолжи да се намалува со ова темпо, врвот на летниот бран можеби би настапил уште околу 1 септември, со максимални дневни броеви до 1500.

– На дијаграмот на втората слика веќе се забележува дека подвижната средина (жолтата линија) повеќе не може да ја следи линијата на експоненцијалниот раст (црвената линија), што обично се случува при наближување кон врвот. Единствено стапката на позитивни тестови, нејзината подвижна средина (црвената линија на дијаграмот на третата слика) како да не покажува знаци на забавување, а тоа е неповолно затоа што заедно со неа се зголемува и подвижната средина на дневниот број на случаи (сината линија на истиот дијаграм). Наредните денови ќе ни дадат подобра слика, но најважно е што преносливоста сепак се намалува, пишува Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот