Проф. Стефов од НАС: Ова што се случува со изборот на ректор е слика за очајната состојба во Високото образование (ВИДЕО)

Она што се случува со во последно време со изборот на нов ректор е само врв од пирамидата во целокупната состојба во високото образование која мораме да признаеме е очајна. Имаме нетранспарентен избор на ректор. Сметаме дека токму транспарентноста треба да биде клучна во ваков случај. Не треба да бираме личности туку програми. Во таков случај треба да има една нормална процедура во која сите евентуални кандидати би имале довболно време да ги претстават и образложат своите програми и ние да гласаме по нив. Јас да сум на местото на сегашниот ректор не би постапувал вака како што тој постапува. Не би сакал да имам дамка во евентуален избор, ако некој кажува дека тоа не е транспарентно, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ професорот Виктор Стефов од Независен академски синдикат.

Тој вели дека во оваа ситуација не треба да му се замерува само на ректорот, туку и на Сенатот, на деканската управа.

-Мора да имаме систем на избор. Тука не се работи за лични напади кон ректорот туку бараме систем. Независниот академски синдикат покажа дека е тотално независен и од претходната и од сегашната власт. Ние сме партнери со институциите и аргументирано даваме предлози како да се надминат состојбите во Високото образование, вели Стефов и додава дека изборот е избрзан и законитоста е доведена во прашање.

Ние пред две години интервениравме за незаконското формирање на Интеруниверзитетската комисија. Голем број на видни професори реагираа, беа упатени претставки до ДКСК и МОН требаше да реагира. Од министерот добивме одговор дека МОН е ненадлежен. Затоа и се раѓаат сомнежите околу ситуацијава. Просветните инспектори не треба да чекаат туку должност им е да ја проверуваат работата на УКИМ, изјави Стефов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот