Проф. д-р Шкариќ: Во истата секунда кога ќе заврши вонредната состојба продолжуваат изборните дејствија – доколку се одложат можат да бидат оспорени од уставниот суд

Не може Уставот да се толкува само со читање на неговите одредби. Потребно е и теориско познавање. Ова прашање што е поврзано со распуштање на собранието е тесно поврзано и со тероријата на парламентаризмот. Без познавање на тааа теорија не можете да дадете точно толкување на значењето самораспуштањето. Нашето Собрание се распушта или самораспушта само во случај кога треба да следуваат предвремени избори. Се распупшта од внатре по предлог на пратениците. Во другите земји кај што постои вистински модел на парламентаризмот, тој се распупта под притисок нанадворешните фактори. Кај нас штом се распушта, се распушта заради тоа да се оди на предвремени избори. Штом се оди на предвремени избори мандатот на пратениците престанува, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, универзитетскиот професор, д-р Светомир Шкариќ.

Кога се пишувал Уставот не се размислувало што ќе се случи доколку Собранието се распушти во услови на вонредна состојба.

-Смислата на одредбата дека Собранието е во постојано заседание значи дека собранието само одлучува кога ќе има седница. Но, тоа важи само за редовното Собрание. Штом ќе се распушти, готово е. Кога се пишуваше Уставот предвидена е вонредна, воена состојба, но никој не размислувал што ќе се случи ако Собранието се распушти пред настапот на таквата сосотојба, вели д-р Шкариќ и додава дека Уставниот суд стои на истото стојалиште.

Околу правната логика дека сега практични не треба да се отвара дебата кога треба да се одржат изборите, Шкариќ вели дека изборните дејствија треба да продолжат во истиот момент кога престанува вонредната состојба.

-Во истата секунда кога ќе заврши вонредната состојба продолжуваат изборните дејствија. По престанокот од вонредната состојба остануваат уште 28 дена за да се пополни рокот од 60 дена каде што Уставот е дециден. Ако тој рок се пробие Уставниот суд може изборите да ги прогласи за неуставни, вели Шкариќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот