проф. д-р сци. Васил  Илиев: Спуштена бешика – проблем за кој има решение

Мочниот меур е сместен во малата карлица и кај жените лежи на предниот дел на вагината. Оваа потпора со тек на времето може да ослаби и попушти, па мочниот меур да се спушти најпрво во вагината, а потоа и надвор од неа. Ваквото спуштање може да предизвика бројни проблеми како што се чести уринарни инфекции, уринарни тешкотии, непријатност и стрес инконтиненција позната како „подмочување“. Истекувањето на урината предизвикано при кивање и кашлање, напнување и интимни односи, доведува до чести уринарни инфекции.

Постојат четири степени на спуштеност на мочниот меур:

Степен 1 (благо спуштен): Само мал дел од мочниот меур паѓа во вагина.

Степен 2 (умерено спуштен): Мочниот меур упаѓа доволно за да може да го достигне влезот на вагината.

Степен 3 (сериозно спуштен): Мочниот меур излегува преку вагиналниот отвор.

Степен 4 (комплетно спуштен): Целиот мочен меур е испакнат и комплетно надвор од вагината; обично овој степен е комбиниран заедно со други форми на пролапс на гениталните органи (пролапс на матката, дебелото црево, цревата итн.).

Третманот на овие пореметувања е исклучително успешен со примена на вагинална хируршка интервенција со минимална траума и краток престој во болница. Со ваквиот пристап се постигнува реконструкција на позицијата на мочниот меур, но се решаваат и останатите делови кои се спуштиле – вагината и/или матката кои се исто така засегнати во вакви случаи. Многу е важно и тоа што при оваа интервенција успешно се решава и тешкиот проблем со инконтиненција на урината што значајно го подобрува личниот имиџ, самоувереноста, интимниот живот, како и воопшто квалитетот на живот кај една жена.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ Ви стои на располагање. За информации поврзани со Вашето здравје информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484 во клиниката „Жан Митрев“.

 

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот