Проф. Ацески: УКИМ е во перманентна криза – Треба да се дојде до помирување, да се каже дека кадарот е неспособен и неконкурентен за пазарот (ВИДЕО)

УКИМ е сложена институција. УКИМ е во перманентна криза и не го фати чекорот кога се дозволи односно започна приватизацијата во Високото образование, односно отворањето на многу други универзитети. Јас лично верував дека во тој момент ќе се подобри квалитетот како резултатот на пазарниот притисок. Но, работите сега тргнаа во обратна насока. Кога ги отворија приватните Универзитети, наместо да се сочува квалитетот УКИМ тргна обратно. Започна тој процес на јавно-приватно партнерство. Од една страна државата го финансира, а од друга страна запишувавме енормно голем број на студенти, изјави во гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, социологот проф. д-р Илија Ацески.

Мора да се пристапи кон преоценување на квалитетот.

-Како пример во една група државата финасираше 20 студенти а ние запишавме 240 студенти. Оние 200 студенти плаќаа и се собра една огромна сума на средства кои влегуваа на факултетот и тука доаѓаме до важниот момент. Имено, менаџментите на факултетите кои беа атрактивни почнаа да манипулираат со тие средства и настана една голема бркотница која што траеше 3-4 години и сега имаме повратен удар.

-Се бега од елементарна расправа на УКИМ. Само малкумина прифаќаат дебата. Тука доаѓаме до клучното – дека се нема капацитет. Ако почне реформата таа мора да почне од дното. Кога ќе чепнете внатре тука настанува еден отпор, затоа што комоцијата на одредени професори ќе биде нарушена. Тоа се оние професори кои што и практично не работат.

-Не оди реформата со молење. Треба да се дојде до помирување, да се каже дека кадарот е неспособен и неконкурентен за пазарот. Не треба автономијата да се сфаќа како анархија, напротив како поголема одговорност, вели Ацески.

Целиот разговор со проф. д-р Илија Ацески погледнете го во разговорот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот