Проектот од 24 милиони евра ќе наводнува над 2.000 хектари во Валандовско

Валандовско-богданскиот и дојранскиот регион заедно со гевгелискиот регион се навистина големи производители на храна што ја имаме на нашите трпези, но и еден од најсериозните учесници во нашиот извоз. Денеска ја означивме изградбата на втората фаза од многу значаен проект за еден од поголемите земјоделски региони во нашата земја, изјави на свечениот настан во Јосифово Зоран Заев, претседател на Владата на Република Северна Македонија.

– Ова е трајно добра,трајна инфраструктура која ќе остане овде да се користи од многу генерации земјоделци. Без вода нема производство, нема храна, нема квалитет. Преку ситемот за наводнување на ова поле, дефинитивно веруваме дека ќе ја зголемиме компетативната можност на земјоделските производи, да растат во нивната цена и конкурентност, да ги намалат трошоците и да ја зголемат продуктивноста по хектар затоа што со водата само тоа е возможно, нагласи Заев.

Премиерот изрази верување дека брзо ќе се реализира проектот кој е димензиониран за не подолго од 21 месец да биде пуштен во употреба и потврди дека паралелно со ова се проектира веќе и неговата трета фаза кјоја продолжува кон богданко-дојранскиот регион.

Министерот за земјоделство во заминување, Љупчо Николовски, истакна дека во изминативе две години одглавиле многу заглавени проекти од значење за земјоделците и дека целосно биле посветени да завршат сите постапки и процедури.

– Проектот што го означивме денеска чини нешто повеќе од 24 милиони евра и ќе овозможи наводнување на 2.040 хектари земјоделско земјиште. Должината на главниот канал ќе биде околу девет километри и ќе бидат конструирани пет пумпни станици кои ќе снабдуваат 85 километри терцијална и секундарна мрежа.Особено е значајно што ова е дел од владината програма и инвестициите во капиталните водоснабдителни системи. Министерсството се подготвува за нови капитални инвестиции кои после 15 години навистина се градат во делот на земјоделството како значаен секрет на нашата економија, рече Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот