Проектот на Барселона за „Камп Ноу“ е проколнат, повторно ништо од нов изглед на легендарниот стадион

твитер

Управата на каталонскиот тим веќе 13 години никако да започне со реновирањето на легедарниот стадион.

Приказната трае веќе 13 години во три претседателски мандати во кои повеќе пати беа претставувани проектите за реновивање на „Камп Ноу“, но засега ништо не е мрднато од мртва точка.

Приказната започна во 2007 година кога тогашниот претседател Жоан Лапорта заедно со британскиот архитект Норман Фостер го претставија нацртот на изгледот на модерниот стадион чија изградба беше индпирирана од делата на славниот шпански архитект Антонио Гауди.

Цената на реновирање на „Камп Ноу“ требаше да изнесува 240 милиони евра, но поради разни причини и препреки, реализацијата на проектот никогаш не започна.

Главната причина за првото одложување на реновирањето на култниот стадион беше светската економска криза и крајот на пазарот со недвижнини. Барселона поради кризата западна во големи финансиски проблеми, а архитектот Норман Фостер го затвори своите архитектонско студио.

Во 2010 година на чело на Барселона дојде Сандро Росел кој веднаш го отфрли предлогот на Лапорта и смисли нов проект „Espai Barca“ вреден дури 600 милиони евра со кои Барселона ќе добиеше нова кошаркарска сала, реновирање на „Камп Ноу“ и нов помошен мини стадион.

Проектот не мрдна од мртва точка бидејќи Росел беше под лупа на јавноста и на шпанските власти поради сомнителните трансфери. Тој во 2014 година се повлече од претседателската функција, а година и половина подоцна заврши во затвор, а на негово место дојде актуелниот претседател Жосеп Мариа Бартомеу.

Бартомеу одлучи да го продолжи проектот на Сандро Росел и на референдумот во 2014 година доби зелено светло откако 72.3 проценти од гласачите беа за реализација на проектот.

Претседателот стартот на проктот го најави за 2017 година, а крајот требаше да биде 2021 година, но „Камп Ноу“ се уште стои непроменет. Еден од проектот е остварен со уривање на помошниот стадион и изградба на нов, кој сега се вика „Јохан Кројф“ стадион и на него игра Б тимот на Барселона.

Вториот дел од проектот требаше да биде токму реновирањето на легендарниот стадион но лошата трансфер политика поради која Барселона се најде под лупата на УЕФА постојано го одложува стартот на работите. Сега со пандемијата на коронавирусот поради која Барселона губи околу 100 милиони евра месечно, и дефинитивно пропаѓа идејата за реновирање на „Камп Ноу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот