Проект за војска на САД: Авиони ќе може да лансираат дронови кои сами ќе истрелуваат ракети и гаѓаат цели

Фото: mia.mk

Американската Агенција за напредни дефанзивни истражувања ДАРПА работи на проект за изработка на нов тип на летечко вооружување каков што не е виден досега.

Проектот е наречен „ЛонгШот“ (LongShot), а партнери на ДАРПА се гигантите од американската воздухопловна индустрија „Локхед Мартин“ (Lockheed Martin), „Норторп Груман“ (Northrop Grumman) и „Џенерал Атомикс“ (General Atomics).

Сите заедно ќе работат на развој и конструирање на нов вид на беспилотни летала што би се лансирале од авион, додека самите би имале можност за лансирање на ракети од типот воздух-воздух.

Целта на проектот е „ЛонгШот“ да стане борбен дрон кој значително ќе го зголеми долетот на воените авиони, а со самото тоа и ефикасноста на борбените мисии во воздух.

Со нивната употреба би се намалила и изложеноста на пилотите на опасни ситуации на тој начин што тие ќе можат да ги лансираат борбените дронови и да се оддалечат од просторот на борба и најопасните задачи би ги препуштиле на нив.

„ЛонгШот“ дроновите треба да бидат енергетски ефикасни, да трошат малку гориво, да имаат голем домет и да бидат релативно побавни од борбените авиони, пренесува порталот Баг.

Компаниите во првата фаза на проектот за кој се издвоени 22 милиона долари ќе работат на дизајн на концепт, а потоа и на прототип во полна големина со кој ќе се истражуваат летешките карактеристики на борбениот дрон за време и по ланисрање на проектили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот