Проект за проценка на ризик од корупција во постапките за вработување

фото: Слободен печат/Д. Митрески

Антикорупциската комисија и „Транспаренси Интернешнл-Македонија“ ќе го промовираат проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам”.

Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, а ќе опфати анализа на политичката, правната и институционалната рамка на вработувањата во јавниот сектор, како и на ризиците од корупција при спроведување на политиките и процедурите за вработување.

Најавено е обраќање на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, на Софка Пејовска-Дојчиновска, член на Државната комисија за спречување на корупција и на Слаѓана тасева, претседателка на Транспаренси Интернешнл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот