13 C
Скопје

Проект „Превод во движење“ на „Готен“

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) организира резиденција за литературни преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија. Станува збор за програма чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија.

Препознавајќи ги литературните преведувачи како влијателни и клучни амбасадори на културниот дијалог, оваа програма обезбедува меѓународна мобилност и професионален развој на литературните преведувачи. Во рамки на резиденцијалниот престој, преведувачите ќе имаат можност да работат на книжевен превод, одблиску да го запознаат оригиналниот јазик, да продолжат да го истражуваат, како и да ја зголемат својата видливост преку поврзување со локалната литературна сцена и претставување на својата активност пред публиката.

Конкурсот за пријавување е отворен до 30 април 2021 година. Управниот одбор на проектот „Превод во движење“ ќе изврши избор од пристигнатите апликации, а резултатите ќе бидат објавени најдоцна до 15 мај 2021 година. „Превод во движење“ е заеднички проект фокусиран на резиденцијални престои за преведувачи финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 78, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 24-25 април 2021)

Поврзани вести

Излезе „Културен печат“ број 79 во весникот „Слободен печат“

Тони Димков

Џез-перспективи: Основањето на „ЗЏМ Рекордс“ дојде сосема природно

Тони Димков

Поздрав од Скопје: Десет дизајнерски приказни од „Шизик на ризик“

Тони Димков

Преведена литература: Два тома за македонските поезија и проза се објавени во Србија

Тони Димков

Интервју со писателката Румена Бужаровска: Расказот е форма во која сум вљубена

Тони Димков

Ѕидна уметност: Мурал како подарок од Кралството Холандија на Градот Скопје

Тони Димков

Остави Коментар