Проект на Националната галерија: Уметнички дневници

Периодот на изолација, кога галериските простори се затворени за посета, Националната галерија го користи за активности во виртуелниот простор на социјалните медиуми.

Неодамна почна проектот „Уметнички дневници“, во чии рамки се презентираат кратки видеа снимени во самоизолација од повеќе уметници. Серијалот почна со дневникот на Дијана Томиќ Радевска, продолжи со Осман Демири и со Славица Јанешлиева и ќе трае во периодот што следува.

– Интересна ќе биде втората половина од оваа 2020 година. Во периодов се испишуваат нови редови во светската и македонската современа уметност на темата креативна „корона“ (хипер)продукција. Очекуваме да се постават многу прашања и да се дадат многу одговори на сосема нов, оригинален и непретпоставуван дискурс – велат од Националната галерија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 31, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 16-17 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот