Проект „И отпадот има вредност“ на Општина Центар: ЈП ПОЦ од денеска бесплатно ќе отстранува хаварисани возила

Во рамки на проектот „И отпадот има вредност!”, ЈП Паркинзи на Општина Центар ја започнува кампањата „Да го исчистиме Центар од хаварисани возила” со цел да се ослободат паркинг местата и јавните површини на територија на Општина Центар кои се зафатени со хаварисани и напуштени возила и приколки што претставуваат опасност за жителите и за животната средина.

Од претпријатието соопштија дека веќе од денеска, хаварисаните и напуштени возила и приколки, со согласност на сопственикот, ќе се отстрануваат од јавните површини во Општина Центар и бесплатно ќе се носат во депото на друштвото за производство, трговија и услуги „Васкони Скрап“ ДОО – Скопје. Потоа тие ќе ги сечат и ќе ги продаваат како старо железо, а за тоа сопствениците на возилата ќе добијат надоместок од фирмата, согласно нивниот ценовник за откуп на отпад од хаварисани возила.

Во склоп на кампањата од среда, 20 јануари ќе се отвори и посебна телефонска линија 075 476 762 каде сопствениците на хаварисани возила ќе можат да ги пријавуваат своите автомобили. Пајак службата на ЈП „ПОЦ” ќе интервенира веднаш по добивање на повикот.

– Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар-Скопје, Васко Кичевски и сопственикот на Друштвото за производство, трговија и услуги „Васкони Скрап“ ДОО – Скопје, Васил Ѓатовски потпишаа меморандум за соработка со кој се обврзаа двете страни заеднички да соработуваат и да делуваат за да се воведе ред во паркирањето, да се зголемат капацитетите на паркинг местата и да се воспостави партнество во смисла на задоволување на потребите на корисниците и жителите на Општина Центар, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот