Проекција на „Туста“ во Кинотека и настап на групата Културно Уметнички Работници

Документарниот филм „Туста“ е посветен на фронтменот на култниот панк бенд од Пула – Куд Идијоти.

Режисер на филмот е Андреј Коровљев, продуцент е Фактум од Хрватска (Ненад Пуховски), а како копродуценти се јавуваат Wake Up од Србија (Билјана Туторов), Авард Филм и Видео од Македонија (Владимир Стојчевски и Горан Стојилковиќ) и Загреб Филм од Хрватска (Винко Брешан).

Филмот е реализиран со поддршка на Хрватскиот Аудиовизуелен Центар и Филмскиот Центар на Србија, а Авард Филм и Видео е дел од копродукцијата со сопствено учество. По проекцијата, ќе следи и настап на музичката група Културно Уметнички Работници, во чест на Туста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот