Проекција на неколку филмски класици во паркот на кинотеката

Фото: Фејсбук

Со почетокот од 20.00 часот вечерва посетителите на паркот во Кинотеката на Северна Македонија, во Карпош ќе имаат прилика да уживаат во кино под отворено небо.

Во паркот на Кинотеката ќе има проекции на неколку филмски класици снимени на класичните формати 16 мм и 35 мм, а влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.

Ќе се прикажуваат филмовите „Излегувањето на работниците од фабриката Лимиер во Лондон“, кој во историјата се смета за прв филмски наслов, „Патување до месечината“, „Кабинетот на докторот Калигари“ и „Македонска крвава свадба“.

„Со проекцијата на неколку странски и на еден домашен филм под отворено небо, Кинотека ви нуди можност да се потсетите на атмосферата за време на летните периоди во Скопје од пред неколку децении, кога постоеле неколку летни кина под отворено небо“, најавуваат од Кинотека на Северна Македонија.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот