Проекции: Германските малопродажни фирми ќе загубат над шест милијарди евра поради пандемиските мерки

Шопинг во Германија/ Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Германското здружение на малопродажни фирми ХДЕ предвидува дека трговците, од кои голем број денеска ги затворат продавниците, ќе загубат над шест милијарди евра од предбожиќна продажба во споредба со минатата година.

– Крајот на годината, кога вообичаено има голема продажба, се претвора во фијаско за голем број трговци на мало, истакна директорот на ХДЕ, Штефан Гент.

ХДЕ очекува нешто помалку од 98 милијарди евра од продажбата во ноември и во декември, што е за седум проценти помалку од истиот период лани, додека се предвидува раст на малопродажбата преку интернет за, речиси, една третина, односно за околу 20 милијарди евра.

Во Германија од денеска почна примената на строг карантин. Вторпат оваа година во земјата е прекинат јавниот живот, со исклучок на продавниците за храна и други секојдневни неопходни производи. Останатите продавници ќе бидат затворени до 10 јануари, како и училиштата и градинките.

Со заклучувањето, Германија сака да го запре ширењето на вирусот, а целта е во рок од една недела да се намали бројот на новоинфицирани на 100.000 жители на максимум 50, а во моментот е над 173. Само за време на Божиќ, од 24 до 26 декември ќе има одредено олеснување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот