Проджуваат летните активности на МАНУ – Слободен печат
ВестиМакедонија

Проджуваат летните активности на МАНУ

Веќе од утре, стартува, традиционаланата, годинава петта по ред, Охридска школа по природно право, која ќе трае до 7 јули.

Денеска заврши правата манифестација – Работилницата на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика, при МАНУ, како прва активност од традиционалната манифестација – Научната и уметничка визита на МАНУ – Охрид 2019″ .

Веќе од утре, стартува, традиционаланата, годинава петта по ред, Охридска школа по природно право, која ќе трае до 7 јули.

На годинешната школа ќе се дискутира за „Предизвиците во реформата на правниот, политичкиот и безбедносниот систем во Република Северна Македонија”.

На отворањето на Охридската школа по природно право, утре, ќе се обратат Челси Шинор, правен советник на Амбасада на САД Скопје, академик Таки Фити, претседател на МАНУ, Арбер Адеми, министер за образование и наука и академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.

Свои излагања на школата ќе имаат врвни експерти од областа на правото, економијата и науката од земјава и регионот, како и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close