Продукција: Филмови на „Авард филм и видео“ учествуваат на три фестивали

Документарниот филм „Кеиф“ во продукција на „Авард филм и видео“ и во режија на Блаже Дулев, на 15 септември 2020 имаше своја проекција на „Балкан филм енд фуд фестивал“ во Поградец, Р Албанија. По оваа проекција, филмот на 24 септември ќе биде прикажан на фестивалот за музички документарен филм „Док енд ритам“ во Белград, Р Србија, а во средината на октомври 2020, филмот ќе биде дел и од фестивалот „Балкан филм панорама“ во Измир, Турција.

Покрај проекциите на „Кеиф“, на наведените фестивали „Авард филм и видео“ ќе учествува и со две копродукции: албанскиот игран филм „Отворена врата“ во режија на Флоренц Папас, кој ќе се прикаже на „Балкан филм енд фуд фестивал“ и хрватскиот документарен филм „Туста“, во режија на Андреј Коровљев, кој ќе учествува на фестивалот „Док енд ритам“. Свое учество на фестивалот „Балкан филм панорама“ во Измир ќе има и играниот филм „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 49, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 19-20 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот