Продуцентот на Бијонсе и Лил Вејн уапсен за 15 сексуални напади (ВИДЕО)

принтскрин/Youtube

Музичкиот продуцент и добитник на Греми, Дитејл, во средата бил уапсен поради низа наводни сексуални напади, велат од полицијата на Лос Анџелес.

Кауцијата да се брани од слобода изнесува 6,3 милиони долари, а обвинет е за 15 сексуални напади, кои наводно се случиле во периодот помеѓу 2010 и 2018 година.

Instagram

Минатата година една манекенка и пејачка, кога го обвинила Дитејл за силување и злоставување, победила во парницата против него и добила 15 милиони долари.

Продуцентот Дитејл, чие вистинско име е Ноел Кристофер Фишер, продуцирал многу хитови за Бијонсе и за раперот Лил Вејн, а за песната „Drunk In Love“ на Бијонсе освоиле Греми за најдобра ар-ен-би песна и најдобра ар-ен-би изведба на сцената за 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот