Продолжување на правото на стипендија – за учениците во септември, за студентите во октомври

Студенти/ Фото: ЕПА

Рокот за достава на документите за продолжување на правото на стипендија е од 1 до 30 септември за учениците и од 1 до 30 октомври за студентите.

МОН на својата веб-страница објави дека документи во наведениот рок може да поднесат сите корисници на правото на ученичка односно студентска стипендија остварено во некоја од изминатите учебни/академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на стипендијата.

Корисникот на ученичка стипендија треба да достави потврда за редовен ученик за учебната 2021/2022 година и копија од последното свидителство.

Корисникот на студентска стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80 или 90 проценти (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно со договорот за стипендија.

Документите за стипендиите (ученички и студентски) се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку корисниците немаат можност електронски да ги поднесат,  документите треба да ги достават преку писарницата на Министерството за образование и наука или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј” бр.54, 1000 Скопје или директно во МОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот