ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ОПЕРАЦИЈАТА ВО СИРИЈА: Убиена десната рака на лидерот на Исламска држава

Фото: Миа

Курдската милиција во Сирија, Единиците за народна заштита, денеска соопшти дека во заедничка акција на американските и силите предводени од Курдите на северот на Сирија бил убиен и портпаролот на лидерот на Исламска држава, Абу ал-Хасан ал Мухаџир.

Ал-Мухаџир, наведуваат Курдите, му бил десна рака на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади, пренесоа британските медиуми.

Сириските демократски сили наведуваат дека целта ја гаѓале во близина на пограничното место Џараблус и тоа врз основа на разузнавачки податоци на СДФ и американската војска.

Командантот на СДФ Мазлум Абди изјави дека станува збор за „продолжување на претходната операција” во која беше убиен лидерот на екстремистичката Исламска држава.

Абди портпаролот Мухаџир го нарече „десната рака“ на лидерот на Исламска држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот