„Продолжуваме со промената” и „Демократска Бугарија” најавија бојкот на пленарната седница

Бугарско народно собрание/Фото: МИА

„Продолжуваме со промената” и „Демократска Бугарија” најави бојкот на пленарната седница на 48. Народно собрание на Бугарија.

Повод за бојкотот се измените на Изборниот законик донесени во второ читање во правната комисија за враќање на хартиеното ливче за гласање. Двете партии одбија да присуствуваат на седницата додека не се стават предлозите за измени на Изборниот законик, што се очекува да се случи утре.

Според усвоените измени, вратена е комбинираната форма на гласање – со избор на машинско или хартиено ливче, а се укина и електронското далечинско гласање и „странскиот регион”.

Пратениците во бугарскиот парламент се согласија да се зголеми бројот на потребните апликации за отворање секции во странство од 40 на 100, го затворија Јавниот совет на Централната изборна комисија и ги зголемија членовите на ЦИК на 25 лица.

Народните избраници одлучија и секциските комисии да не ги предаваат техничките уреди за снимање од машинското гласање на регионалните изборни комисии, а потврдата од машината, која досега служеше за контролни цели, да се смета за гласачко ливче од машинско гласање.

Копретседателот на „Демократска Бугарија”, Христо Иванов вели дека БСП покажала целосна лојалност кон ГЕРБ и Движењето за права и слободи и на тој начин е создадена „одмаздничката коалиција”.

Кирил Петков, копретседателот на „Продолжуваме со промената”, рече дека нема да разговараат со бугарските социјалисти ниту во вториот, ниту во третиот мандат, доколку во Народното собрание гласаат за враќање на хартиеното ливче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот