Продолжуваат протестите во Франција против пензиските реформи

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Штрајкот против пензиската реформа во Франција продолжи и денеска, 19-ти ден по ред, откако накратко беше блокиран сообраќајот на линијата 1 од париското метро – една од двете автоматски линии, јави дописникот на МИА од Франција.

Штрајкувачите најавија дека нема да се откажат дури и за време на Божиќните празници, така што јавниот сообраќај се уште е значително нарушен.

Во Франција, околу 40 проценти од брзите возови (ТГВ) и само 20 проценти од приградските возови околу Париз работат во моментот.

– Правото на штрајк, не е право на инвазија, блокирање, заплашување на патниците, реагираше министерката за еколошка транзиција, Елизабет Борн.

– Секојдневниот живот на оние што треба да се движат е веќе доволно тежок за  да се подложат на такви неприфатливи акции, кои ги осудувам, додаде таа на својот профил на Твитер.

Ситуацијата нема да се подобри дури и утре на Бадник, кога железничкиот сообраќај постепено ќе престанува со работа во областа на Париз од 18.00 до среда попладне, на Божиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот