Продолжуваат преговорите за формирање на новата Влада на Словенија

Роберт Голоб/ Фото Natasa Kupljenik/MI-PRESS / Shutterstock Editorial / Profimedia

Денес продолжуваат преговорите за составот на идната словенечка влада и распределбата на министерските места во неа, иако веќе се познати основните односи околу тоа колку ресори ќе припаѓаат на партиите.

Според словенечките медиуми, во владата предводена од изборниот победник Роберт Голоб, неговото Движење за слобода ќе има 10 министерски места, 4 ресори ќе добијат Социјалдемократите (СД) на Тања Фајон, а тројца министри ќе бидат од Левицата на Лука Месец.

Како што изјави синоќа Фајон за ПОП-ТВ, нејзин избор е да го преземе секторот за надворешни и европски прашања во новата влада, додека Месец одлучи за Министерството за социјала.

Таа додаде дека во претходниот разговор со идниот премиер им биле понудени неколку опции за доделување различни ресори, но дека таа и Месец веќе лично одлучиле кои ресори ги сакаат за себе и за своите партии.

„Идниот премиер е запознаен со мојот избор за министерството за надворешни работи“, рече Фајон, додавајќи дека разговорите за владата продолжуваат и дека некои работи се уште се отворени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот